Јас сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ, веќе трета година по ред и сите врски кои што ги имам со меѓународната заедница, пријателите на ВМРО-ДПМНЕ со нашите сестрински партии ме прават горд и богат човек затоа што имам пријатели и ќе продолжам да го зголемувам бројот на пријатели и да го намалувам бројот на непријатели, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по  заедничката прес конференција со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Пријателите на ВМРО-ДПМНЕ како што гледате се пријатели и на Македонија. Она кое што е важно кога имате пријателство, е важно тоа пријателство да функционира во обете насоки. Во овој момент на нас ни треба помош како држава и таа помош, братска пријателска Унгарија и ја дава на Македонија, но не само изразена преку оваа хуманитарна помош која денеска дојде, важно е да пристигне онаму каде што таа помош е најпотребна, туку и она што го кажа почитуваниот гостин денеска, а тоа е поддршката што ја дава еврокомесарот за проширување о добрососедска политика“ потенцираше Мицкоски