Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ не денешната прес-конференција истакна дека тие како партија се оврзуваат на обнова која ќе опфати реконтсрукција на 5 болници во државата.

“Се обврзуваме на обнова која ќе опфати реконструкција на болниците во Велес, Кичево, Струмица, Струга и Битола. Со тоа ќе овозможиме квалитетни услуги и поголемо достоинство на луѓето со загрозено здравје.

Се обврзуваме на обнова која ќе опфати реконструкција и модернизација на Универзитетска клиника за Хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје, односно Градската Болница. Така што Скопје ќе добие современа болница каква што заслужува”, вети Мицкоски.

Тој исто така додаде дека тие како партија се обврзуваат на обнова која ќе значи модерен вистински ургентен центар.

“Се обврзуваме на обнова која ќе значи воспоставување на модерен вистински ургентен траума центар. Поради растот на популацијата во Скопје и драстично зголемениот број на сообраќајни повреди и потребата од брзо, благовремено и адекватно реагирање, предвидуваме нов модерен ургентен траума центар.

Се обврзуваме на обнова со која ќе воведеме здравство без хартија, укинување на рецептите и услуги само со лична карта. Ова подразбира Целосна дигитализација на рецепти, упати, извештаи и резултати. Дигитализација на радиолошките единици, нивно поврзување во единствен центар за да се скратат процедурите и да им се олесни пристапот до здравствениот систем на граѓаните. Системот ќе биде дигитализиран во сите делови, од подигнување електронски рецепти кај матичниот лекар, до добивање медицински извештаи. Електронски издадената рецепта од лекарот, ќе може да се подигне во било која аптека со документ за лична идентификација од страна на пациентот или негов близок”, и додаде:

“Ветувам дека ќе смениме голем дел од работите и проблемите кои се наталожувани со години и децении. Ветувам нула толеранција кон корупцијата, но и многу работа, и достоинствени услови”.