x

Мицевски со понуди од Австрија и Полска

darko-micevski-e1592983823304

Македонскиот репрезентативец Дарко Мицевски многу веројатно зимава повторно ќе заплива во интернационалните води. По одличната полусезона во тимот на Вардар, каде што одигра за десетка што се вели, Мицевски е на мета на повеќе клубови од странство, а тој и неговиот тим што се вели ќе ја одберат најповолната за сите во моментов.

Спортмедиа дознава дека Мицевски има сериозни понуди од Австрија односно Полска, па во моментов се разгледуваат која би била најповолна.

Само за потсетување, Дарко Мицевски во моментов има 28. години, настапи на последниот меч на Македонската репрезентација во рамките од Лигата на Нации против Ерменија на Кипар,  и е што се вели во зенитот на кариерата. Има веќе долгогодишно интернационално искуство во Србија односно Белорусија и Либан.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата