x

Мицевски: Не чувствувам притисок, ќе се потрудам да ја искористам шансата

micevski-e1605547981659

Во отсуство на неколку првотимци, селекторот Игор Ангеловски за утрешниот меч со Ерменија во Лигата на нациите повика неколку нови играчи, а меѓу нив и Дарко Мицевски. Доколку настапи, за него ќе биде втор меч со репрезентацијата.

Чест е да се биде во националниот тим. Посебно што повикот доаѓа веднаш штом изборивме место на ЕП. Се чувствувам одлично и тука сум да помогнам затоа што имаме многу повредени и суспендирани играчи. Ова е само втор настап за мене и ќе се потрудам да ја искористам шансата. Всушност, сигурен сум кој и да добие шанса во националниот тим ќе даде 200% од себе за да ја искористи. Не чувствувам притисок од тоа што ќе мора да ги заменам Елмас, Адеми, Барди во средниот ред. Можеби само позитивна трема. Секој фудбалер гори од желба да настапува за својата држава“, изјави Дарко Мицевски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата