Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната седница на Собранието упати силни критики до Власта заради неисполнетите ветувања дадени на вработените во Еурокомпозит-Прилеп.

Меѓутоа она што би сакал да го кажам денес, а за кое што ќе ве потсетам, бидејќи денеска е моментот, колегите од Прилеп, прилепските пратеници Ане Лашкоска и Петар Ристоски предложија амандман за обезбедување на 2,8 милиони евра за исплата на заостанатите придонеси на вработените во Еурокомпозит Прилеп. За ова нешто во 2019 година донесовте закон во Собранието на Република Македонија а во буџетот за 2021 година не се предвидени средства за оваа намена. Истите вие кои што ги смирувавте овие граѓани и ветувавте дека после изборите ќе им бидат решени проблемите остануваат на улица и денеска се наоѓаат пред Собранието на Република Македонија протестираат но за жал нема кој да ги прими, нагласи Мицевски.

Мицевски упати критика до власта и поради тоа како што рече нерешавањето на проблемите во земјоделието и земјоделците во Македонија.

Да ве потсетувам веќе по седми пат односно веќе по четврти одкако сте на власт за интервентниот фонд за земјоделството и сите средства кои што ги планиравме за земјоделците и откупните центри кои што се јавуваат при откуп скоро на секој земјоделски производ а од ветувањата нема ништо, истакна Мицевски

Инаку поранешните вработени на прилепски „Еурокомпозит“ пред оклу две недели  револтирани  излегоа на протест откако официјално им било кажано дека за исплата на заостанатите придонеси нема предвидена ставка во буџетот за наредната година, иако за исплатата има законско решение, донесено од Парламентот пред една година.