Никола Мицевски, пратеник во Собранието на денешното свое обраќање во Собранието потенцираше дека СДСМ беше партијата која рече дека бројот на скратени постапки ќе ги намали на минимум,  а нема седница да не почне без барем пола точки во скратена постапка.

-Ние имаме денеска имаме 4 точки на дневен ред и согласно дневниот ред тие се:

1.Предлог на закон за рамномерен регионален  развој, прво читање со европско знаменце

2. Предлог закон за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, прво читање

3. Предлог закон за Агенција за разузнавање, прво читање

4. Предлог на закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, прво читање.

Сега да не се враќам назад да ви го читирам член 69 став 2 и член 68 и став 1, членот 140 став 1 вели дека пред предлог на закон да се претресе на седница на Собранието го разгледува  матично работно тело, законодавната правната комисија во рок од три работни дена пред денот определен  за одржување на седница на Собранието.Сега да прашам дали некој од овие матични тела и законодавната правна комисија ги разгледа овие законски решенија во постапка три дена пред закажувањето на седницата или не?, праша Мицевски при своето обраќање.

Мицевски во своето обраќање побара овие точки на дневен ред да се тргнат од денешниот дневен ред.

Затоа доколку навистина сакате и мислите да не го кршите Деловникот за работа во Собранието и процедурата за негово донесување ќе ве замолам овие точки да се тргнат од денешниот дневен ред за седницава од причина што продолжувате со насилничкото однесување со деловникот и поставувањето на законите на самата седница. Не ги коментирам скратените постапки, не коментирам дека решението за оваа седница ни е доставено до 11 декември, денеска сме 16 декември, согласно член 68 и 69 став 1 или 2 минимум 10 дена треба да го имаме решението за седницата и дополнување на истата. Барем ова што ви го спомнав член 140 став 1 дека овие 4 закони треба да си ја поминат процедурата односно да бидат разгледани во редовно прво читање на матичните комисии на законодавната правна комисија пак да дојдат  на самата седница, додаде Мицевски.