x

Миха е „Златна топка“ на Србија: Нема да плачам, вашата љубов ми помогна да ги пребродам тешките моменти

Фудбалскиот сојуз на Србија вечерва прослави 100 години постоење, а на сцената на „Народниот театар“ во Белград продефилираа великаните на српскиот фудбал. Првпат откаму му беше дијагностицирана опасната болест, Синиша Михајловиќ пристигна во Белград со храбрата насмевка која не ја симнува со месеци.

Си ветив дека нема да плачам. Ви благодарам. Оваа награда многу ми значи затоа што доаѓа од мојот народ. Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои покажаа љубов во моментот кога четири, пет месеци бев во болница. Веќе триесет години живеам во Италија, но секогаш ќе бидам Србин. Се надевам дека не ве разочарав и дека ќе продолжам да ја преставувам Србија на најдобар начин“, изјави Михајловиќ.

За најдобар фудбалер е прогласен Душан Тадиќ од Ајакс.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата