x

Михајловиќ со 18 одбојкарки ќе оди на пријателските средби во Србија

odbojka-mkd-u-19-zeni

Младата женска одбојкарска репрезентација до 19 ја реализираа декемвриската акција во рамките на подготовките за Европското првенство во 2022 година. Селекторот Ненад Михајловиќ во Берово тренираше со 24 репрезетативки од генерацијата 2004 и помлади, а 18 од нив ќе бидат дел од националниот состав кој во јануари ќе патува во Белград на пријателски натпревари со неколку српски екипи.

„Заокруживме нов циклус, одлично работевме, задоволен сум од мотивацијата кај сите. Добро е што во овие тешки времиња минавме уште еден план за подготовките и тоа квалитетно. Избравме 18 репрезентативки кои ќе патуваат во Белград во периодот од 2 до 15 јануари. Го скративме списокот, имаше емоции, но во некоја фаза од подотвките мора да се носат и вакви одлуки“, вели селекторот Михајловиќ притоа потенцирајќи дека вратата не е затворена за ниту една одбојкарка.

На списокот за пријателските натпревари во Белград на почетокот на наредната година се 18 одбојкарки: Теодора Шукулоска и Михаела Цветановска (техничарки), Надица Антеска и Зорана Станковска (либера), Мери Бошковска, Анастасија Ристевска (коректорки), Ива Чадиковска (коректорка/примачка дијагонала), Ана Јаничиќ, Добрина Хаџи Тосева, Мила Вакувска,Тинка Недева, Стефани Најдановска, Анастасија Овнарска (примачка дијагонала), Марија Василевска, Катерина Чочовска, Меланија Карајлиоска, Ива Стојкоска, Марија Пакетова (средни блокерки). Доколку има повреди или несакани околности, стручниот штаб може да повика некои од преостанатите репрезентативки.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата