x

Михајловиќ со нов договор со Болоња

Синиша Михајловиќ потпиша нов договор и ќе биде тренер на тимот на Болоња до 2023 година. Иако имаше уште две преостанати години од актуелниот договор, сепак, клубот се одлучи да му даде нова верност со што покажа лојалност и пред се коректност кон српскито стратег.

Србинот е на чело на Болоња од јануари 2019 година, и направи своевиден бум кога од 17 меча извлече 30 бода.

Светот застана целосно со подршка за Михајловиќ кога беше објавено дека му е дијагностицирана леукемија, а тој засега успешно се опоравува од оваа болест.

 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата