x

Михајловиќ полуде: Кога ќе го најдам „кртот“ во нашиот тим, верувајте, нема добро да помине

mihajlovic

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ најави жестока казна за оној кој ги открива тајните од соблекувалната на новинарите.

Во неговиот тим постои „крт“, а новинарите секогаш знаат што се случува на тренинзите. Србинот истакна дека ќе се обиде да го открие.

„Пробав нова формација и тактички замисли за да откријам кој е тој е**н лик кој се открива на новнарите. Намерно го направив тоа, затоа што никој не очекуваше и сега водам истрага. Се колнам, кога ќе го откријам, ќе го набијам на ѕид и ќе се погрижам да не игра повеќе“, рече Михајловиќ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата