x

Михајловиќ: ВАР сигнализира и кога носот им е во офсајд

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ одново е во центарот на вниманието во јавност. Српскиот стратег овој пати ги критикуваше офсајд правилата, одлука која судиите ја носат со помош на ВАР технологијата.

Тој повика на промена на тоа правило..

„Мислам дека е потребна поголема толеранција, нема смисла да се поништи гол поради тоа што на некој фудбалер носот му бил во офсајд или пак рамото, навистина тоа е премногу, иако правилата се јасни“, изјави Србинот.

Михајловиќ ова го најави пред дуелот со Милан, кој се игра вечерва на „Сан Сиро“.

„Според мене, сето ова мора да се промени, мора да се најде подобро решение. ВАР е прецизен до милиметар, некогаш тоа ќе ви помогне, но на другиот нема. Нашиот тим се најде во двете ситуации, мораме да се прилагодуваме. Се надевам дека во иднина ќе се промени нешто“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата