x

МИХАЈЛОВИЌ: Ако моите постапки му помогнаа некому во животот, тоа ми е повредно и од Скудетото

Синиша Михајловиќ со децении е во италијанскиот фудбал, како играч на Сампдорија, Лацио и Интер, а потоа како тренер на Катанија, Сампдорија, Милан, Торино и сега Болоња. Но животот му се промени кога дозна дека боледува од леукемија па веќе шест месеци се лекува од оваа опасна болест, но никако не се откажа од тренерската работа, продолжува да се бори и со болеста и со водење на екипата. Неодамна беше прогласен за најдобар српски тренер за 2019 година.

Мислам дека луѓето конечно ме разбраа. Со месеци добивам поддршка, не само од познати личности, спортски личности и политичари, туку и од обожаватели од сите клубови и луѓе кои не ги ни познавам. Странци се загрижени за мене. Ако моите зборови или постапки му дадоа храброст некому да помине низ тешка ситуација како мојата, тогаш тоа за мене е повредно и од Скудето“, изјави Михајловиќ за „Газета дело Спорт“.

Не можев да посакам подобар Божиќ. Да бидам со фамилијата, тоа е нешто најубаво. Тестовите одат добро, секој ден се чувствувам посилен, покрај себе ја имам мајка ми, сопругата, децата. А Болоња ги доби последните два натпревари. Се чувствувам мирен и среќен сум поради сето тоа“, изјави Синиша.

Сега можам да го ценам секој момент, работи кои претходно не ги ни приметував, затоа што бев во постојано трчање. Научив да слушам, да ги следам изразите на тие пред мене. Уживам во едноставни детали во животот кои сега изгледаат непроценливо. Претходно одев на утринско трчање со слушалки за да се ослободам од стресот, но сега одам 7-10 километри дневно за да ги наполнам батериите. Гледам околу себе, слушам, дишам свеж воздух, што после три месеци во болнички кревет со клима уред е фантастично.
Открив дел од себе за кој не ни знаев дека е тука или барем го сокривав. Сега плачам на се. „Си станал расплакано бебе“, си велам од време на време, но пријатно ми е да почувствувам интензивни емоции, а не да ги кријам. Дури станав потрпелив. Како играч, пред да реагирам ни до 1, а не пак до 10. Научив да бројам до шест или седум, некогаш и до осум…“, објаснува Синиша кој кажа некој збор за трансферот на Ибра во Милан.

Жал ми е што Ибрахимовиќ го избра Милан место Болоња. Мислам дека кај нас повеќе ќе се забавуваше“, додаде српскиот тренер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата