x

Михаилов: Имаме позитивно искуство од мечевите со Струга Трим Љум

gorazd-mihajlov-15

Екипата на Борец денеска го има второто гостување во новата сезона. По она во Скопје, против Вардар сега Велешани се во Струга каде што од 17:00 часот ќе се сретнат со тимот на Трим Љум.

Мотиви не недостасуваат. Борец добро ја почна сезоната има две позитиви зад себе.

„За меч каков што е овој против Струга Трим Љум денеска мора да се размислува позитивно. Дa се заборави оној меч против Ренова и тој несреќно примен гол во последните секунди. Верувам дека тој психолошки момент го надминуваме и подготвени сме за она што денеска следува. Мислам дека сме подготвени за нов позитивен резултат сезонава, со што ќе ја продолжиме позитивната серија сезонава.

Струга е незгоден противник но е добар домаќин на чело со тренерот Срѓан Захариевски. Ние пак, имаме позитивно искуство од мечевите против овој ривал во изминатиот период и зошто тоа да не биде така и денеска. Секој меч за нас е многу важен, на секој мора да се оди на позитивен резултат. Ние сме подготвени за денешниот меч имаме мотив и инспирација да се вратиме непоразени од Струга“ – вели тренерот на Борец за Спортмедиа, Горазд Михаилов.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата