x

Михаилов: Браво за момците, се вративме од негатива, покажавме карактер, сила, капацитет…

vardar-borec-3-1024x737

 

Борец денеска ќе биде темата за разговор во мак фудбалските кулоари. Велешани успеаа да го „средат“ среде Кратово, нашиот годинашен Европски претставник тимот на Силекс со конечни 1:2, и на тој начин да го освојат единаесеттиот бод сезонава, и засега третата позиција на табелата.

Тренерот Михаилов нормално презадоволен од она што се случуваше денеска во Кратово, од начинот на кој неговите избраници успеаа да се справат најпрво со негатива, а потоа и со реми, за да дојдат до конечен триумф.

„Честитки за фудбалертите за пожртвуваноста и максималната концентрација, дисциплината до последните моменти од натпреварот. Навистина во првото полувреме не бевме на посакуваното ниво меѓутоа со инструкциите добиени на полувреме суепавме да се консолидираме и да влеземе во второто полувреме да влеземе посамоуверено и да ја бркаме што се вели таа негатива од 1:0. Ги исполнија сите тактични задачи онака како што се договоривме. Нормално по исклучувањето нивно, фрливме се на една карта да постигнеме втор гол, бидејќи имаше доволно време за се. Секако можевме и да бидеме казнети меѓутоа ете овојпат среќата беше на наша страна бидејќи Силекс можеше да казни преку корнер ситуацијата. Сепак, ние со френетични интервенции не дозволивме да примиме гол, и што е уште поважно по само триесетина секунди на спротивната страна постигнеме гол за победа. Ова за нас е голем мотив плус, како екипа која растеме секојдневно со прволигашките предизвици. Видовме дека можеме со сите, планираме така и да продолжиме. Уште еднаш честитки за моите фудбалери, но и на домаќинот за добриот пречек и коректен натпревар“ – изјави Михаилов за Спортмедиа.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата