x

Михаилов: Борец против Шкендија е мотивиран и со голема желба за победа!

vardar-borec-3-1

Денеска од 13 часот во Велес, на отворањето на 15.коло во ПМФЛ, Борец на свој терен ја дочекува Шкендија. Познато е дека во Велес гостите тешко освојуваат бодови, тимот на стратегот Горазд Михаилов и оваа есен игра добро, освојува бодови, впрочем затоа и се наоѓа на 4. место на табелата.

За тоа што може да се очекува од овој натпревар, специјално за СПОРТМЕДИА свое видување има токму Михаилов.

Мечот со Шкендија ќе биде предизвик за нас. Со победата против Струга ТЛ во минатото коло, се врати самодовербата кај играчите, верувам дека ќе излеземе на терен мотивирани и желни за победа. Во досегашните 14 кола Шкендија нема пораз, што доволно говори за нив како тим претендент за шампионската титула. Ги респектираме, но исто така очекувам дека играчите без разлика кој ќе истрча ќе го даде својот максимум и ќе се обидеме стадионот “Зоран Паунов“ да остане неосвоен. Немаме некои поголеми проблеми околу играчкиот кадар, на ситна повреда се жали Силва, но верувам дека ќе може да настапи. Очекувам тврд натпревар во кој ќе поведи желбата и моменталната инспирација“ изјави Михаилов.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата