Ние на некој начин веќе еден добар дел од нашиот идентитет, под притисок го изгубивме. Тоа е факт, но народ без корен,  камен што се тркала место не фаќа, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа Митриполитот Преспанско-пелагониски г. Петар.

– Ако си ги изгубиме и корените од времето на Цар Самоил и Свети Климент и Свети Наум, од тој период како народ и како црква, тогаш ние не можеме поинаку да се наречеме освен некој непостоечки народ. Мислам дека е дојдено времето кога сите ние во Македонија, заедно со останатите народи покрај Македонците, да се потрудиме да опстоиме на нашиот национален идентитет и како држава и ние Македонците како етнос и посебен народ, посочи митрополитот Петар.

Тој потсети на фамозната изјава на бугарскиот историчар Божидар Димитров кој рече дека завршува времето на македонизмот со Договорот кој е потпишан со Бугарија.

– Тогаш автоматски ние ќе се сведеме на народ идентитет, а кога ќе го загубите својот идентитет, тогаш не сте тоа што сте, туку другиот, оној што треба  да бара и станувате некорисен. Ние треба да се потрудиме да опстоиме, како држава, општество и народ. Државниот идентитет го сочивуваат сите народи во Македонија, идентитетот како народ сме ние Македонците, а имаме и црковен идентитет кој ни е Македонската православна црква која е наследничка на Охриската Архиепископија. Без тие ние не ќе можеме да опстоиме, туку ќе бидеме играчка во рацете на другите и ќе станеме монета за поткусурување, потенцираше митрополитот.

Токму затоа тој се надева дека народот копмлетно по секоја основа ќе се обедини и да го спаси идентитетот, за да не ни доаѓаат други кои ќе ни кажуваат да ни забрануваат кои сме и да ни наметнуваат нешто туѓо