x

Митревски: Македонија квалитет за пласман на ЕП, но не треба да се потцени никого!

Македонската ракометна репрезентација нов пласман на Европските првенства ќе бара против Данска, Швајцарија и Финска. Групата ветува место на континенталното натпреварување, кое во 2022 година ќе се одржи во Словачка и Унгарија, но бара и сериозен пристап.

Репрезентативниот голман Никола Митревски, вели дека не треба да се потцени никого, ниту аутсајдерот во нашата група Финска.

„Според мене групата можеби не изгледа така, но е доста незгодна, Финска од четвртиот шешир сите ја сметаат за аутсајдер, но не сакам да потценам никого. Швајцарија со последните нивни настапи, и пласманот на претходниот Европски шампионат покажа дека е доста квалитетна репрезентација и дека сигурно ќе гледа шанса за победи и пласман на ЕП во натпреварите со нас. Тука е светскиот шампион, за кого не треба многу да се зборува“.

Дали второто место во нашата група е реалност, имаме сили на приредиме изненадување против Данска на домашен терен и да завршиме како први?

„Не би сакал да давам прогнози уште од сега бидејќи е многу рано, конечниот распоред ќе зависи од многу работи, посакувам сите да сме здрави и комплетни на сите квалификациски натпревари“. 

Отвараме против Финска на домашен терен, а потоа и гостуваме на Швајцарија. Што ќе биде клучот за успешни квалификации?

„Против Финска дома мораме да победиме и да стартуваме со два бода, потоа не очекува тежок натпревар во Швајцарија, после тој натпревар многу работи ќе ни бидат појасни.
Во последните пет квалификации за Европските првенства секогаш сме успевале да се пласираме, а тоа покажува дека имаме квалитет и константност во квалификациите, мислам дека тоа е еден од клучните фактори за нашиот пласман на следното Европско првенство“, додава нашиот чувар на мрежата. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата