x

Митревски за едно полувреме собра 11 одбрани

screenshot_20201004_195348_com

Никола Митревски и неговиот Порто продолжуваат со старите навики во домашното првенство. Победата број шест ја запишаа на гостувањето во Мадеира, славеа со убедливи 29-22 и останаа на првото место на табелата кое го делат со Бенфика и Спортинг. Ова се трите тима без пораз во досегашниот дел од португалскиот шампионат.

Репрезентативниот голман повторно беше на ниво на задачата, имаше 11 интервенции од 19 удари, односно 57% на одбранети удари. Митревски во игра мина околу 30 минути, што пак е одличен скор за него.

Порто на овој дуел ја имаше контролата уште во првото полувреме во кое поведе со 7-14. Следен противник на тимот на Митревски е Пик Сегед, дуел од четвртото коло во ЛШ.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата