Сакам да изразам огромно разочарување а воедно и револт по денешното објавување на една од винариите за овогодинешните откупни цени на грозјето.

Винаријата Мовино излезе со неприфатливи и недолични цени за откуп. Со овие цени се потценува целиот труд на лозаропроизводителите, нивното макотрпно работење и нивниот производ.
Апелирам до сите останати винарии овие цени во никој случај да не им бидат пример за нивните ценовници.
За мене како градоначалник а воедно и како лозаропроизводител цени пониски од минатогодишните не се прифатливи.

Ќе побарам и итен состанок со Министерството за земјоделство и претставници на лозаропроизводителите за заеднички да најдеме решение за оваа ситуација.
Економската ситуација е лоша во целиот свет не само кај нас , но тоа во никој случај не треба да се одрази на лозарите.

Во меѓувреме исконтактирав и со винаријата Мовино која исто така има став дека овие цени не се прифатливи , како што кажав овие цени се недолични и воопшто не треба ниту да ае размислува за нив. Мојот став за кој ќе се борам до крај заедно со лозарите е дека треба под итно да се најде решение за нови откупни цени.

По разговорот со винаријата , бев категоричен дека цените мора да се променат и дека мораме што поскоро да организираме состанок со Министерството за земјоделство и лозарите за да се дефинираат нови цени кои ќе бидат прифатливи.