Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, кој е претендент за да го преземе кормилото на партијата, повикува на мирен протест на 2 ноември годинава во 12 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Протестот е со една единствена цел, повикување за оставка на Христијан Мицкоски“, објави Јанчев на Фејсбук.

извор: Makfax