Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, по поразот на ВМРО-ДПМНЕ на изборите вели дека е време за промена на раководството во патијата.

Во изјава за бугарската агенција „БГНЕС“, Јанчев вели дека ова се трети избори по ред на кои неговата партија бележи пораз, а загубен е и рефернедумот.

„ Јас воопшто не разбирам зошто не го признаваат Договорот за пријателство со Бугарија, како и Договорот од Преспа. Во принцип, ова е лоша политика и лошо раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Мора да има приземјување на лидерството, вклучително и промена“, додаде Јанчев.

Според него, политичката состојба не е поволна како за ВМРО-ДПМНЕ, така и за СДСМ, бидејќи и двете партии добиле мал број на гласови.

„ Каква и да е победата, СДСМ ги доби гласовите. Нашата партија падна од 470.000 на 320-340.000. Дури и околу 300.000. Оваа бројка сама по себе докажува дека нешто не е во ред. Денес на ВМРО-ДПМНЕ му треба единство и сплотеност, за секој да може да работи правилно и слободно “, истакна Митко Јанчев.

На прашањето дали ќе се приклучи на промената на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев категорично одговори: „Да, ќе се придружам!“.

Градоначалникот на Кавадарци побара што поскоро да се формира влада за да може државата да функционира правилно под сите околности.

извор: Makfax