x

Митков потпиша за Холабрун

Некогашниот македонски репрезентативец, Влатко Митков има нов тим. Станува збор за Холабрун, кој се натпреварува во Втората лига во Австрија.

Митков минатата сезона беше дел од Брегенц, имаше двојна задача, покрај играч ја извршуваше функцијата на тренер во младинскиот тим.

Во својата кариера настапуваше за Вилштат, Вецлар, Хам, Балинген, Бармбах, Кремс и Брегенц.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата