x

Мите Митев и официјално не е повеќе тренер на Каменица Саса

Искусниот стратег Мите Митев по една и пол година престој во Каменица си заминува од кормилото на екипата на Саса. Тој во изминатиот период имаше забележителни резултати, ги оствари целите на клубот најпрво да се задржи статусот на второлигаш, а потоа да се направи солиден тим за да се атакува и на ранг погоре. Сепак, ситуацијата е таква да работите не се поклопија, паузата во шампионатот поради коронавирусот го направи своето, па двете страни се разидоа.

„Договорот со Каменица Саса ми заврши на 31 мај 2020 година, и имавме неколку телефонски разговори и две средби со почитуваниот претседател  Климент Георгиевски и не најдовме заедницки јазик. Нашата идеја и програма беше да не си замине ниеден фудбалер и да обезбедиме три засилувања во трите линии и да се бориме за влез во прва лига. За жал поради настанатата ситуација со коронавирусот, главниот спонзор Рудник САСА не е во состојба да обезбеди доволно фининансиски средства во моментот, што значи дека јас со стручниот штаб и фудбалерите не би можеле да го дадеме максимумот. Згора на тоа си заминаа 3-4 стандардни фудбалери и јас немам повеке сила повторно да правам нов тим. Поминав прекрасни 18 месеци, направиме тим за респект со морал, карактер и хемија помеѓу фудбалерите. Би сакал да им се заблагодарам на сите фудбалери сто ги извршуваа безпрекорно моите задачи, на Каменица Саса како клуб, на спонзорот но и на градот Каменица со раководството за укажаната доверба во изминатиот период“ – изјави Мите Митев за Спортмедиа

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата