x

Митевски повторно во дресот на Осогово!

Слаѓан Митевски (29), по две години пауза, повторно го облече дресот на Осогово. Имено тој како позајмен играч на Силекс во следната сезона ќе игра за кочанскиот второлигаш, нешто слично како што тоа беше пред две сезони кога исто така го носеше “жолто – синиот“ дрес. Кога сме кај Митевски, да споменеме дека тој покрај Силекс и Осогово, во својата кариера бил член и на Кожуф и Кит Го. Познато е дека Митевски е дефанзивец и најдобро се снаоѓа на десната бековска позиција.

Покрај Митевски, кого тимот од Кочани го промовира, претходно во Осогово во текот на овој летен преоден рок дојдоа и Илија Далчески од Лабуништа и Димитар Иванов од Пелистер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата