Дали е и ваш број?

На прашање – кој ви е омолен број, повеќето одговориле – седум. Така покажало истражувањето, кое неодамна е објавено онлајн, кое е спроведено на  44.000 луѓе.

Зошто баш овој број?

– Таа причина вероватно никогаш нема да биде позната – вели авторот на студијата за броевите Алекс Белос

– Но тоа е приказна која опстојува низ историјата.

Постојат седум древни чуда во светот, седум дена во неделата, седум циклуси на унивезумот, седум смртни гревови и седум основни музички ноти. Лото седумка, исто така.

Кај Кинезите тоа е доста симболично, бидејќи “седум“ звучи слично како зборот “возвишеност“. Тие го слават како број кој носи среќа во врската.

Во хербејската традиција тој се поврзува со интелегенцијата, а се верува дека постојат седум свети денови во годината.

Во будизмот, седум е број на починати, а се зборува дека Буда направил седум чекори кога се родил.