Мистериозен среќник од Аризона сигурно слави откако освои џекпот во висина од 410 милиони долари, откако купил само еден тикет по цена од два долара.

Ова е прв џекпот освоен во Аризона, а добивката е најголемата во последнава година, пренесува „Дејли мејл“.

Тикетот која беше извлечен во вторникот вечерта, бил купен во Глендејл, Аризона, објави државната лото комисија.

Шансите за освојување на џекпотот биле 1 спрема 302.575.350 во 45 земји каде што се игра, плус Вашингтон и американските Девствени Острови.

Минатиот август, Аризона се придружи на групата земји што им овозможуваат на луѓето кои ќе освојат џекпот над 100.000 американски долари да останат анонимни засекогаш.

извор: Makfax