“Мисија”
Сиван Мори; Нејази Бајрам; Мучтаба Џабар; Мирослава Мима Јарамаз; Мартин Гугоски; Маида Салихефендиќ; Лада Хорка; Јетон Весели; Христина Христова; Дијана Величкова – Којчева; Давор Политов; Данијела Мекиќ; Христијан Кардели и Аднан Кустура се новите 14 учесници во четвртиот циклус реално шоу насловен како “Мисија”. “Вечер”, како и во минатиот циклус кога шоуто одеше под името “Тоа сум јас”, повторно ќе се обиде одблизу да ве запознае со кандидатите, односно да ви го открие сето она што се случува во куќата, зад камерите. За почеток ќе се обидеме да ви пренесеме дел од атмосферата во куќата и како таа изгледа видена преку нашиот објектив. А таму многу поразлично од минатиот пат. Освен промените во ентериерот, што потсетува на брод и море и што куќата е преполна со аквариуми, украсни октоподи, морски ѕвезди, … многу поразлична е и организацијата. “Мисијата” сега трае 65 дена, учесниците се од 11 националности, што е особено интересно затоа што претставници има од повеќе земји, а не само од просторите од поранешна Југославија. Промени има и во модераторскиот тим во чиј состав овојпат се Тони Михајловски и Сања Николиќ, засилени со Искра Џамбазова. Што се однесува, пак, до текот на шоуто и елиминирањето на кандидатите, а кое оди на малите екрани веќе една недела, првото излегување, односно првата двојка ќе си замине дома во текот на следната недела, а победникот ќе биде познат кон средината на јули, кога треба да заврши циклусот.
Александра Тимковска
фото: Александар Ивановски
Таџи, Христијан и Даниела – полни раце работа
Дел од атмосферата во женската спална
Вака изгледа едната од собите на момците