Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски вечерва гостуваше во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија при што посочи дека власта не знае да се справи со КОВИД-19, носи избрзани и неефикасни мерки. А како последица на купи ден политика од страна на власта граѓаните страдаат. 

„Мене ме плаши состојбата која што се случува во здравството. Во Македонија денес има блокирани болници, немате место каде обичниот граѓанин да отиде и да направи тест за КОВИД-19. Граѓаните чекаат по седум – десет дена, некои не ни стигаат воопшто да се тестираат, слушаме и гледаме еден куп повици на социјалните мрежи за помош. До тој степен е отидено здравството во Македонија. За жал таква е реалноста моментално во државата. Тоа е жалното“, истакна Мисајловски.

Мисајловски додаде дека катастрофална е состојбата во македонското здравство, ние немаме капацитет за справување со КОВИД-19. Во здравствениот систем имаме уморни доктори, доста голем број на заразени од медицинскиот персонал, мерки кои не се добри ниту пак ефикасни.

„Кога велам дека мерките не се добри, мислам на тоа бидејќи се воведуваат брзоплето и немаат голема суштина. Со тие мерки на владата не се намалуваат бројките. Тоа значи дека има некој проблем во амите мерки“, појасни Мисајловски.

Мисајловски посочи дека власта бидејќи не знае да се справи со пандемијата вели ВМРО-ДПМНЕ  е виновно за се.

„Освенсамо  ВМРО-ДПМНЕ да е виновно, сега власта ги обвинува и граѓаните. Народот е крив според власта бидејќи не почитува мерки. И што ќе прави власта, го казнува народот, ќе прави рестриктивни мерки или репресивни мерки директно со казнуавања за да се полни Буџетот. Но од далеку се гледа дека ништо не е ефикасно што власта спроведува. Бидејќи власта се води со купи ден политика“,нагласи Мисајловски.

Мисајловски рече дека Филипче воведе нова мерка со која се забранува групирање на граѓани на повеќе од 4 лица. А, впрочем власта во тој момент бара избори во Пласница и Штип. Крајно лицемерно е власта што прави си игра со здравјето на граѓаните.

„Кога со новата мерка на Филипче не можат да се соберат повеќе од тројца како ќе се спроведат избори во Штип и Пласница. Сето ова ќе им се удри од глава на власта“, потенцира Мисајловски.