Покачувањето на акцизата за горива покажува дека имаме работа со арамиска влада, и со неспособност да се менаџира со економската криза. Секаде во светот Владите даваат на народот помош, само владата на Спасовски и Заев земаат од народот. Само со зголемување на акцизата за горива, на секое просечно семејство владата им одзема една просечна плата од нивниот семеен годишен буџет, изјави потппретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на денешната прес конференција

Тој вели дека освен тоа зад зголемување на акцизата стојат и поедини бизнис интереси.

Постои отворен сомнеж дека лица блиски до власта прават малверзации со екстра лесното гориво.  Податоците говорат дека скоро 9 милиони евра изнесува профитот кој се остварува со злоупотреба на продажбата на екстра лесното гориво во Македонија. Имено државата има потреба од 5 милиони литри екстра лесно гориво, а се увезува 55 милиони литри. Каде завршуваат останатите 50 милиони!? Односно близу 9 милиони евра!? Сума која се добива откако 50 милиони литри ќе се помножи со 11 денари, колку што изнесува заработувачката од екстра лесното гориво.“ потенцира Мисајловски

Тој додава дека ова  е прашање на кое треба да се одговори додека се зема пари од народот со зголемената акциза кој од врвот на власта со кого дели 9 милиони евра!?

Очигледно некој за време на криза книжи дебели профити.  Наместо како држава да го стимулираме падот на цената, што ќе допринесе до заживување на економијата и земјоделието, владата на СДСМ уште толку го отежнува нормалното функционирање на граѓаните и економијата. Бараме итно повлекување на штетната и профитерска одлука на Владата за зголемување на акцизата за горива. Владата не треба да го ограбува народот туку да го штити неговиот стандард. СДСМ мора да сфати дека се во влада само заради народот, а не за интересот на неколку поединци, кои се богатат на неговиот грб. Влегуваме во период полош и потежок од тој на криминалната транзиција. Сега Македонија ја доживува втората транзиција каде малкумина се богатат и екстермно ќе се збогатат на грбот на се посиромашните граѓани.“ потенцира Мисајловски