Носителот на Изборната единица 2 Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ денеска е во работна посета на Куманово.

Тој освен средбите во градот оствари и средби со граѓаните од селото Драгоманце кое се наоѓа во Старо Нагоричане.

Со почитување на сите препораки и мерки против ширење на коронавирусот тој пред жителите на ова населено место ја претстави програмата на партијата и над 1000 проекти кои им се ветуваат на граѓаните во целата земја.