Американскиот претседател Барак Обама инсистираше во телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин оти е неопходно да се почитува мировниот договор од Минск, соопшти Белата куќа.

Обама особено ја нагласи потребата руските и проруските сили да го почитуваат примирјето во источна Украина и да им овозможат на специјалните набљудувачки мисии на ОБСЕ целосен пристап во зоната на судири, вклучувајќи ја границата со Русија, се наведува во соопштението.