x

Миркуловски го победи Томовски, Кузмановски од клупа славеше со Магдебург

Во дуелот меѓу македонската младост и искуството, Филип Миркуловски и Вецлар го победија Мартин Томовски и Лудвигсхафен, 26:23.

Миркуловски постигна три гола од исто толку обиди, а последниот погодок го постигна против Тимовски. Голманот меѓу диреците беше во последните 15-тина минути и имаше три одбрани.

Филип Кузмановски, пак, на клупата ја прослави победата на Магдебург над Нордхорн Линген, 27:21.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата