x

Мираковски: Сега имам појасна слика, што треба да промениме

mirakovski-1-1-e1605368446713

Работнички со две победи и два порази си оди од првиот „балон“ во Златибор. На последната средба македонскиот клуб беше совладан од Младост со убедливи 89-73. Противникот овој меч го одигра со осум кошаркари, но како што вели стратегот на „црвено-белите“, нивната подобра физичка подготовка ја направила разликата, на другата страна Работнички имаше напорен период, па не можеше да издржи еден пеколен ритам.

„Имавме желба да го завршиме турнирот со победа, но видовме дека не се реални шансите да издржиме 4 натпревари за седум – осмум дена, плус три меча во македонско првенство, што значи дека за 16 дена одигравме 7 меча. Без разлика што имаа проблеми Младост покажа дека е цврста екипа и честитки за нивната победа. Се виде дека со екипи што се физички појаки од нас не можеме да држиме ритам“, вели Мираковски.

Предводникот на Работнички има јасна слика за продолжение од првенството, точно знае што треба да се промени и каде треба да се засили тимот.

„Сега имаме појасна слика што треба да промениме и каде треба да се засилиме. Овој ритам на натпревари на секои два дена да се издржи, мора да се земат уште неколку играчи. Во континуитите секој 3-4 меч паѓаме, дојдовме изморени по три одиграни меча и одгравме лош меч. Потоа имавме два добри дуели и сега пак одигравме лошо“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата