Во условот што го поставија во оставките, министрите и замениците, кои се од редовите на СДСМ најавија дека ќе бараат тие да се активираат доколку Собранието вечерва се самораспуштеше. Со оглед дека, како што е најавено, распуштање вечерва нема да има, тие ги задржуваат министерските позиции во преодната Влада.