Бранимир Јовановиќ, поранешниот советник на екс-министерот за финансии Драган Тевдовски, објави свој Фејсбук статус за случајот со одземањето на лиценцата за работа на Еуростандард, во кој тврди дека Нина Ангеловска, доколку знаела дека на банката и следува затворање, требало да даде „лична жртва“, односно да сочувствува со широките граѓански маси и да не го повлекува депозитот.

Министерката за финансии претходно демантираше дека по сознание, дека и претстои стечај на Еуростандард, го повлекла личниот депозит. Според анкетните листови на Комисијата за пречување на корупција, таа поголемиот дел го повлекла во јануари, а во јуни ги повлекла и преостанатите 100.000 евра на два месеци пред одлуката на Нaродна банка…

“Доколку знаела, не смеела да го направи тоа. Не само таа, туку било кој друг државен функционер. Тоа е искористување на службената положба за остварување на личен интерес, што е дефиниција за корупција“ пишува Бранимир Јовановиќ.

Инаку, ваквата одлука на министерката за финансисии е и законски казнива поради фактот дека е извршена злоупотреба на функција при што со пристап до довреливи информации се стекнала со добивка, односно одбегнала штета за себе која настанала за сите други штедачи во Еуростандард банка