Денеска се сретнав со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев и му се заблагодарив за поддршката и заштитата што МВР ја дава на американскиот дипломатски персонал и објекти. Ја истакнав важната улога што ја има МВР во обезбедувањето на безбедно опкружување за избори, напиша на Твитер американската амбасадорка Кејт Брнз.

Неколку часа подоцна и министерот Чулев објави дека имал средба со американската амбасадорка Брнз. 

– Денеска остварив работна средба со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз. На средбата ја запознав амбасадорката Брнз со моите приоритети како министер во техничката Влада, односно борбата против тероризмот, организираниот криминал и корупцијата, а како еден од главните приоритети го истакнав секако придонесот во организирањето фер, демократски и регуларни избори, но и одржувањето на безбедноста и стабилноста на државата. За време на средбата, заеднички го потврдивме стратешкото партнерство меѓу двете земји, пишува Чулев на ФБ.