Премиерот Заев и министерот за надворешни работи Бујар Османи отворија пандорина кутија со прифаќањето за националниот исентите и националниот јазик на Македонците. Накусо, прифатија да преговараат дали сме Македонци и зборуваме свој, македонски јазик, или не по што и самото прифаќање и ставање во дилема на овие факти отвара понатамошна реалативизација на фактите.

И од бугарска страна, и од некои европски држави, како и од министерот Бујар Османи ја слушаме фразата “за договор треба компромис од двете страни…“. А тоа значи дека фактот од 100% македонска нација и јазик, со компромис, ќе се дојде до некоај средина што значи можеби сме, а можеби и не сме Македонци кои зборуваат свој македонски јазик што во секој случај е пораз за македонската нација и јазик кои до сега за никого не биле спорни од основањето на современата македонска држава па се до пред некоја година. 

Македонската влада, персонифицирана преку Бујар Османи во овие преговори, собира факти и совети за градење на својата позиција. А министерот Бујар Османи за свој советник го има поранешниот министер од владата на СДСМ, Денко Малески чии ставови се – Македонците се со бугарски корени. Ова го објави ТВ Телма.

Малески би можел да биде советник на бугарската страна, која има исти ставови со него, но не и на македонската која по грешката со отварање на ова прашање и влегување во преговори, сега се труди “да најде заеднички прифатлив компромис“.

Малески нема дилема дека Македонците се Бугари, тоа го напиша и во колумна во Април годинава. Денко Малески во својата најнова колумна тврди дека Македонците и Бугарите биле дел од еден народ, дека во СФРЈ македонските власти ги селектирале историските податоци и пишувале Македонци таму каде што пишувало Бугари. Ова се неговите зборови:

“Сега можете да кликнете на интернет, да влезете во архивата на „Њујорк тајмс“ и да прочитате текст од нивниот дописник испратен во 1903, за бунтот на бугарското население во Крушево на Илинден. Значи, ние мораме да се прилагодиме кон историската вистина дека во минатото сме биле дел од еден ист народ.

Тој народ, во залуден напор да избегне поделби и понижувања од соседните балкански држави кои наваливе врз последната отоманската провинција во Европа, Македонија, спас побарал во, како што вели Крсте Мисирков идејата за “национален сепаратизам“ и создавање на сопствена словенска нација.

По бруталните балкански војни, тој статус на достоинство, да биде свој на свое, да се биде македонска нација со свој македонски јазик и своја македонска држава и е понуден на генерацијата македонски партизани, дотогашни „Јужносрбијанци“, во идната југословенска федерација на рамноправни народи, во текот на Втората светска војна.

Пригрлувајќи ја таа идеја, со поддршка на другите југословенски народи, македоснките партизани со пушка во рака и со човечки жртви ја реализираат својата идеја.

Разбирливо, во моментот кога се конституирала, македонската нација била свртена кон истражување на она што ја одвојува од бугарската, а такви елементи во историјата можат да се надат секогаш кога локал патриотизмот и грижата за својот дом во Македонија надвладувал над националната идеја на бугарската држава… пишува Професорот Малески во својата колумна.

Денко Малески ова го пишува и како советник на претседателот Пендароски. Кабинетот на претседателот Пендаровски се огради од ставовите на Денко Малски но, без последици по нивната соработка. Напротив, еве го сега Денко Малески и како совтеник на владата.

Ако ги погледнеме деталите и состојбата на овие преговори, имаме две страни во кои едната, бугарската, тврди дека Македонците и македонскиот јазик го измислиле Тито и Југославија, дека не постојат, и друга страна во преговорите во која спаѓа и советникот Денко Малески како и екс премиерот Бучковски… која “бара компромис“. Во преговарачкиот тим од македонска страна не слушнавме никого кој ќе тврди дека не е така, а “компромисот“ во секој случај носи кон релативизрање на цела една нација и нејзиниот идентитет. Нацијата пак никој не ја прашува за став во врска со нејзината судбина.