x

Министерот за спорт на Италија најави можен прекин на Серија А: Барајте други алтернативи!

spadafora

Италијанскиот министер за спорт Винченцо Спадафора изјави дека фудбалот е несигурен во оваа фаза од напредокот на Ковид-19 и ги повика челниците на Серија А да подготвуваат Б и Ц планови за завршница на сезоните.

По новиот бран на коронвирус во земјата, министерот за спорт рече дека верува во можноста шампионатот да биде завршен, но истакна дека не може да го гарантира  тоа.

„Можеме да се трудиме да го направиме тоа до крај, но не знам дали ќе имаме можност да продолжиме. Лигата мора да најде план Б и Ц“, рече Спадафора.

„Кога во последните денови имаше многу случаи на коронавирус, зборував за протоколот, кој веќе вклучува изолирање на тимовите во нивните клупски бази. Но, ако екипите и играчите не го почитуваат, не можеме да сториме ништо во врска со тоа“, додаде тој.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата