Виченцо Спадафора, италијанскиот министер за спорт во разговор за „Раи Уно“ потврди дека Кристијано Роналдо ги прекршил протоколите на Италија во време на коронавирус. Тој без да добие дозвола го напушти хотелот во кој беа сместени фудбалерите на Јувентус и замина за Португалија.
„Да, вистина е, Роналдо ги прекрши протоколите. Не смееше да отпатува за Португалија без посебна дозвола од надлежните институции“, порача Спадафора, кој додаде дека стадионите во Италија уште долго време ќе останат празни, евентуалното отварање ќе се случи кога епидемиолошката ситуација ќе биде подобра.