Зад обидот за соборување на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, стои Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА), рече венецуелскиот министер за надворешни работи, Хорхе Ареаца.

„Постои цел план на ЦИА и на опозицијата во Венецуела за соборување на владата на Николас Мадуро и преземање контрола врз природните ресурси во земјата што им припаѓаат на народот. Се обидуваме да го спречиме тоа. Ние не сакаме луѓето од Венецуела да страдаат “, рече Ареаза на прес-конференцијата во Москва, според ТАСС.

Според него, властите во земјата побараа средба со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

„Американската администрација треба да ѝ дозволи на опозицијата на Венецуела да седне на преговарачка маса со нас”, рече тој.

извор: Makfax