Предвреме почна продажбата на тутунот. Тутунопроизводотелите засега продале 256 тони тутун за просечна цена од 163 денари по килограм, што е помала од лани, кога тутунот се продаваше по 220 по килограм. Годинава цената на тутунот падна за 60 денари, па така тутунопроизведувачите за досега продадените 256 тони изгубиле речиси 240.000 евра, пишува Алсат.

Ако цената на тутунот остане иста, според пресметките на Алсат, тогаш можните загуби на тутунарите би се искачиле на 24 милиони евра, ако се земе предвид дека лани се продале 26 милиони колограми тутун за 220 денари по килограм. Тунарите стравуваат ако им се случи вакво сценарио.

Јас како договарач со седум члена имам 4 тона тутун. Како е сега почнато по 2 евра по килограм, јас ќе губам 8.000 евра и ќе дојде 2021 ќе немам леб да јадам, а не да садам тутун, рече Муса Ибраимовски, тутунар.

Министерот за земјоделие, Аријанит Хоџа вели дека цената е падната поради корона кризата. Тој ќе се заложи за укинување на четвртата класа тутун за да се покачи цената на тутунот. Сепак, Хоџа засега не размислува за субвенционирање ако цената на тутунот не достигне 200 денари по килограм, бидејќи очекува целосно да се продаде тутунот.

Сакам јавно да соопштувам дека треба да излеземе од концептот дека државата треба секогаш да интервенира таму каде што има проблеми при купувањето, има склучени договори, не е вистина дека ќе остане тутун затоа тоа што има договори за 23 милиони кг и има подготвеност од откупните компании за да се надмине и оваа договорена количина, но почитувајќи ги сите законски норми кои се ставени во рамки на Законот за тутун, рече министерот Хоџа.

Тутунарите од Прилеп в недела ќе излезат на предупредувачки протест. Доколку не добијат субвенција за откупот на тутунот да биде 200 денари по килограм, тие од понеделник ќе ги мобилизираат сите тутунари од земјава за да излезат на протести.

Извор: Алсат