Асаф Адеми, министерот за култура поднесе оставка од функцијата поради, како што тој изјави, здравствени причини.

Тој одлуката ја соопшти денеска во седиштето на партијата, обраќајќи се пред новинарите прво на албански, па потоа на македонски јазик.

Како што кажа денеска на прес конфренцијата имал стент на срцето, а отавката одамна ја депонирал. Следнивте денови треба да се сретнат премиерот Зоран Заев и Африм Гаши, претседателот на Алтеринатива, партија од која доаѓа Адеми. Како што соопшти Адеми, министерското место останува на Алтернатива.

Настојував да нема корупција во периодот кога го раководев минитерството за култура. Работев транспарентно и ги унапредував вработените без да прашувам дали и на која политичка партија припаѓаат. Работев на унапредување на културната политика во општеството. Ќе бидам достапен за новиот министерот и ќе му помогнам во се што е потребно, изјави Адеми.

Тој соопшти дека ја најавил оставката на Заев и чекал да поминат претседателските избори за да ја соопшти на јавноста.

Мојата оставка нема вреска со “метлата’ која ја најави Заев, рече Адеми.