Покрај слабата игра во првото полувреме, избраниците на Алеш Пипан успеаја комплетно да ја анулираат високата предност на Шпанците во второто полувреме и да го одведат натпреварот во интересна завршница.

Сепак, европскиот шампион беше поснаодлив во последните минути и победи со 66-61.

Со 14 поени, 3 скокови и 4 асистенции, Владо Илиевски беше најдобар стрелец во нашата екипа, каде меѓу најистакнатите беа уште Ѓорѓи Чековски (11 поени, 2 скокови), Бо Мекејлеб (10 поени, 8 асистенции), Тодор Гечевски (10 поени, 6 скокови) и Дамјан Стојановски (10 поени, 4 скокови). Капитенот Перо Антиќ постигна 2 поени, но прифати 11 скокови, додека во листата на стрелци се запиша и Предраг Самарџиски со 4 поени на кои додаде и 3 скокови. Кај Шпанија најдобар беше Марк Гасол со 17 поени и 8 скокови.

Полни беа трибините во салата во Сантијаго де Компостела, за поддршка на шпанската репрезентација во подготовките за Евробаскетот. Почетокот на натпреварот доцнеше 20-тина поради скршена табла при загревањето.

Двете репрезентации денеска ќе одиграат уште еден меѓусебен дуел во градот Леон.

курир.мк