x

Минимален пораз во втората контрола со Кувајт

Машката ракометна репрезентација на Македонија е минимално поразена, 22:23 (13:14) во вториот пријателски натпревар со Кувајт во рамките од завршните подготовки за Европското првенство во јануари во Виена.

Никола Митревски стоеше на нашиот гол и запиша 12 одбрани, додека Танкоски со 4 погодоци како и Костески, Поповски и Велковски со по три гола беа најефикасни.

За разлика од првиот меч синоќа денеска првото полувреме се играше поизедначено. Македонија во неколку наврати водеше со два гола, 6:4, 9:7, 12:10, но Кувајт не дозволи да се одлепиме.
Противникот играше грубо во одбраната, па Ненад Костески беше повлечен од игра при еден таков старт од ривалот.
Кувајт во финишот на полувремето не само што изедначи туку и се избори за водство од 13:14 на одморот.

Деби во А тимот имаше Дарко Георгиевски, кој доби шанса од Данило Брестовац во второто полувреме. Македонија имаше осцилации во играта, голманот на Кувајт имаше пет одбрани и не остави осум минути без гол, но и Митревски одговори на ист начин.

Но, Кувајт успеја да ги искористи многубројните промени во поставата и дојде до највисока предност од 22:16. Успеавме да ги консолидираме редовите, намаливме на 21:22, но не и да се избориме за пресврт.

Македонија утре патува за Букурешт, каде викендов ќе настапи на „Трофеј Карпати“, заедно со Романија, Алжир и Холандија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата