x

Минамино ќе почека на дебито за Ливерпул

Новиот напаѓач на Ливерпул, Такуми Минамино, нема да може да го направи своето деби за „црвените“ на утрешниот натпревар против Шефилд Јунајтед. Јапонецот е подготвен за настап, но правило на Англиската фудбалска асоцијација го спречува да се појави на „Енфилд“ во вториот ден од новата година.

Официјално, неговиот договор со клубот стапува во сила денес, но и денес започна 21-то коло од Премиер лигата. Според правилата, нов играч мора да биде најмалку еден ден со договор во клубот, пред тој да одигра официјален меч.

Така, Минамино ќе му биде на располагање на Јирген Клоп за дербито против Евертон во ФА Купот на 5 јануари.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата