Граѓаните на Црна Гора вчера излегоа на првите парламентарни избори по прогласувањето на независноста на земјата во јуни годинава. Синоќа до 21 часот околу 485.000 избирачи гласаа за избор на 81 пратеник меѓу 747 кандидати од шест коалиции, пет партии и едно граѓанско движење. И владејачката коалиција и опозицијата веруваат во победа, но според аналитичарите се очекува победа на коалицијата “За европска Црна Гораè предводена од Мило Ѓукановиќ.
“Мислам дека ќе освоиме апсолутно мнозинство и дека ќе можеме сами да формираме владаè – изјави самоуверениот Мило, кој имал и џокер доколку се не излезе како што тој предвидува. Наводно, на Демократската унија на Албанците ќе им ја понуди можноста и тие да влезат во влада.
Покрај пратеници за новиот парламентарен состав, црногорските граѓани денеска избираат и општински советници во 14 и градоначалници во 13 општини. Изборите ги следат 268 странски и околу 2.000 домашни набљудувачи.