Глумецот Милош Биковиќ во соработка со италијански партнер започнува нов бизнис во Србија.

Станува збот за продуцентска куќа која ќе се занимава со анимирани филмови.

– Точно е, планираме да станеме лидери во свет по произвотство на краток анимиран филм. Ова е локацијата, и ако има било какви интересни детали ќе ве известам – кусо објаснил Биковиќ.

Идеја за изградба на студио во кое ќе се снимаат куси, анимирани, веб и стриминг филмови, била подржана и од Владата на Србија, а глумецот Милош Биковиќ можеби е најзаслужниот за брзата реализација на оваа идеа.

Како што и порано изјавил, во план му е отварање на уште една продукциска куќа во Нови Сад.

Заедно со Биковиќ на овој проект ќе работи и италијанскиот филмски продуцент Андреа Јерволино, кој ќе вложи 8,5 милиони евра и ќе вработи 580 луѓе во Србија.