Антонио Милошоски успеа да се избори да стане една од иконите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е еден од најтрадиционално препознатиливите лица на партијата, но и во политиката. Не само во Македонија, туку и во меѓународната заедница.

Со импозантна кариера (над 20 годидини) тој успева успешно да ги менаџира и службените, но и приватните приватните обврски.

Успеа да обезбеди пресуда од Меѓународниот суд на правдата во Хаг во полза на Македонија (2011 година), а три години претходно, со Кондолиза Рајс (2008 година) потпиша Договор за стратешко партнерство меѓу Македонија и САД.

Фото: МНР на РМ

На домашна сцена, во моментов, има полни раце радост. Имено, неговата ќерка Дариа, денеска наполни 4 години.

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски (44) и неговата неколку години помлада сопруга Симона, среде корона пандемија го добија синот Филип.

Нивната ќерка Дариа денеска наполни 4 години, да е жива и здрава.

Притоа, за прв пат Антонио сподели фотографија од најмалииот Филип, заедно со славеничката Дариа, Михаела (2), Илина (1), како и поголемиот син Давид (12).

Со раѓањето на петтото дете, Антонио Милошоски е првиот македонски политичар кој има многудетно семејство, во вистинска смисла на зборот. Досега заеднички го делеа рекордот со Влатко Ѓорчев, кој со сопругата Сузана, има 4 деца: Марта, Филип, Никола и Катерина.