-И втората работа што е уште поважна имавме избиори на кои граѓаните се произнесоа за програма, не можете вие после избори да му наметнете на оној кој гласал за ДУИ за ВМРО, за БЕСА и за било кој друг да му наметнете програма или платформа за која не се изнел пред и за време на изборите и тоа е изигрување на волјата на граѓаните. Јас се согласувам со тие кои што тврдат дека оваа платформа не е направена ниту создадена Македонија да биде посуверена држава, оваа платформа кога ќе ја видите содржи елементи кои го разоруваат ткивото на унитарноста на Република Македонија. И затоа сметам дека истата треба да биде одбиена и отфрлена, истакна Милошоски.