Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ е спремен и со квалитетен предлог закон и со време за дијалог, да даде придонес во носењето на Законот за обвинителство, согласно стандардите на Советот на Европа, реагира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој е дел од преговарачкиот тим на опозициската партија во преговорите за законот на денешната изјава на министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Но, новото обвинителство не би смеело да стане засолниште за обвинители рекетари, ниту за нивните соработници. А по однос на госпоѓата Рускоска, самиот мега скандал „Рекет“ покажува дека наместо како обвинител, таа засега повеќе постапува како адвокат на главните рекетари од СЈО и Владата, на кои им овозможува екстра време за форматирање на телефони, прикривање на докази и влијание врз сведоци, изјави Милошоски за МКД.мк.